ВОЈСКАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ЗЕМАЊЕ БРИСЕВИ НА БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

    ВОЈСКАТА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ЗЕМАЊЕ БРИСЕВИ НА БАРАЊЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВОЛекари и технички медицински персонал од воено-медицинскиот центар се вклучуваат поради зголемениот број на заразени лица, кои продуцираат повеќекратен број на лица кои мора да одат во самоизолација. - АРМ подигна и полска болница пред Инфективната клиника во Скопје (Фото: СДК.МК)

    На барање на Министерството за здравство, и АРМ се вклучува тестирањето на населението од вирусот ковид-19. Од Генералштабот на АРМ потврдуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК дека тим од воено-медицинскиот центар се подготвува да излезе на терен под водство на Институтот за јавно здравје, кој ги спроведува тестирањата.

    Војската не се вклучува од безбедносни причини. За населението кое одбива да соработува со епидемиолозите, асистира полицијата. Лекари и технички медицински персонал од воено-медицинскиот центар се вклучуваат поради зголемениот број на заразени лица, кои продуцираат повеќекратен број на лица кои мора да одат во самоизолација, зашто биле во некаков контакт со позитивни.

    Бидејќи на лицата во самоизолација им се прави прв, но зaдолжително мора и втор тест, а епидемиолозите не се доволни навреме да им го повторат тестирањето, се вклучува тимот од АРМ.

    Целта, велат од Институтот, е луѓето во самоизолација кои се здрави, да излезат што побрзо, а не да чекаат над 14 дена „слободни“ епидемиолози да им го направат вториот тест, без кој не може да ја напуштат самоизолацијата. За тоа се одговара кривично.

    Воено-медицинскиот центар обезбедува зачувување и унапредување на здравјето на припадниците на Армијата, а со тоа и високата борбена готовност на единиците, командите и установите на Армијата, а е и носител на реализацијата на мобилна полска болница за медицинска поддршка на војската.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира