ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ, НЕМА ПОВРЕДЕНИОд МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. (архивска фотографија)

    Денеска напладне со закана со оружје била ограбена филијала на банка во скопската населба Капиштец. Како што соопшти МВР, три вооружени лица им се заканиле на вработените и одзеле пари, а потоа во близина на грабежот еден од напаѓачите испукал еден куршум. Повредени нема.

    „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира