Вработен во НЛБ Банка во Скопје украл околу 2 милиони швајцарски франци и околу 270.000 евра од трезорот на банкатата. Случајот за агенцијата „Мета“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата вчера во 16.58 часот ја пријавил директор во банката, велат од МВР и додаваат дека 40-годишниот Б.С. од Скопје, вработен во банката, ги зел парите од трезорот, ги ставил во ќесе и без да биде забележан од никого, заминал во непознат правец.
Од МВР велат дека трагаат по осомниченото лице, кое е во бегство