ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ЌЕ ЗЕМАТ ПЛАТА ПОСЛЕ ВЕЛИГДЕН, ДОЦНИ ПОРАДИ ПРЕСМЕТКИТЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА ЌЕ ЗЕМАТ ПЛАТА ПОСЛЕ ВЕЛИГДЕН, ДОЦНИ ПОРАДИ ПРЕСМЕТКИТЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИОд Синдикатот кажаа не добиле никакво официјално образложение, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот Љутков по различни медиуми (Фото: СДК.МК)

    Вработените во културата ќе земат плата следната недела, соопшти Министерството за култура и туризам. Синдикатот на вработените во културата реагираше дека останале без плата за време на Велигденските празници.

    Вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно закон и колективниот договор. Доцнењето е поради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финансии”, соопшти Министерството за култура попладнево.

    Секој март од 2021 наваму, кога се коригира минималната плата и кога платите во културата треба да се усогласат со минималната плата според колективниот договор за култура, и оваа година вработените во културата се соочија со проблеми. Овојпат, и без плата. За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата според колективниот договор за култура или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред две години на целиот јавен сектор. Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата, беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и слично“, велат од Синдикатот.

    Тие претходно најавија протест за 11 април, но го откажаа откако на 10 април добија известување од Министерството за култура дека платите ќе се прават според законите и колективните договори и пресметките на институциите беа прифатени.

    Поради тоа, во духот на социјален дијалог, СКРМ го откажа, односно го замрзнанајавениот протест на неопределено време. Според колективниот договор за култура, платата требаше да се исплати до 10-ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15-ти. Вчера беше 17-ти и последен работен ден пред продолжениот викенд за Велигден, а плата за сите културни работници немаше. Нема никакво официјално образложение, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми. Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како Министерство, на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата како и досегаза да не доцнела, па ќе сме се договарале за понатаму‘. Според овој исход, како и според одлуките донесени на состанокот на Советот на СКРМ на 8 април, СКРМ најавува протестен совет во проширен состав на 22 април, во 12 часот пред Министерството за култура. Понатаму, доколку се случи неоснована преправка на платите, СКРМ ќе поднесе кривични пријави до директорите за непочитување на колективните договори и законите, иако во конкретниот случај се најмалку виновни, но се најмногу одговорни”, стои, меѓу другото, во соопштението на Синдикатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира