ВРАТАРОТ САШО ВАСИЛЕСКИ, ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ, ЉУБЕН АРНАУДОВ И ЕЛЕНА ДОЦЕВСКА ОД КАБИНЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР

    ВРАТАРОТ САШО ВАСИЛЕСКИ, ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ, ЉУБЕН АРНАУДОВ И ЕЛЕНА ДОЦЕВСКА ОД КАБИНЕТОТ НА ВЕЉАНОСКИ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОРАпелација ги потврди одлуките на Кривичниот суд за продолжувањ ена притворот на пратениците. - Тарчуловски и Василески пред Основниот суд Скопје 1 (архива)

    Советот од организиран криминал во Апелациониот суд Скопје ги одби и жалбите на пратениците Сашо Василески, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски и ги потврди одлуките на Основниот суд Скопје 1 за продолжување на притворот.

    Во притвор за настаните на 27 април останува и Елена Доцевска од кабинетот на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

    Во моментов на затворена седница тричлениот совет од судии во организиран криминал во Скопска апелација, расправа за жалбата на колегата на Василески од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој исто така отвори една од собраниските врати за да влезат насилниците внатре.

    Претходно овој совет ги одби и жалбите на Митко Чавков, Владо Јовановски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и на сите кои поднесоа жалби на одлуката на Кривичниот суд на 27 декември лани тие да добијат нови 30 дена притвор.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира