ВРХОВЕН СУД ГИ УКИНА ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“, СУДЕЊЕТО ВРАТЕНО НА ПОЧЕТОК

    ВРХОВЕН СУД ГИ УКИНА ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“, СУДЕЊЕТО ВРАТЕНО НА ПОЧЕТОКШест лица беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на четири момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро април 2012 година. - Oд судењето за „Монструм“

    Врховниот суд ги укина пресудите на Апелациониот и Основниот суд Скопје 1 за предметот „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Со ваквата пресуда на Врховниот суд се уважени жалбите на осудените за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година.

    „Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување“, се вели во денешното соопштение од Врховниот суд.

    На 3 октомври, укинување на пресудите на Апелациониот суд и на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“ и враќање на случајот на повторно судење побара и јавната обвинителка Лилјана Спасовска. Шест лица беа обвинети и осудени на доживотен затвор за убиството на четири момчиња и еден рибар кај Смилковското Езеро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира