ВРХОВЕН СУД ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТВОРИТЕ ЗА 27 АПРИЛ

    ВРХОВЕН СУД ОДЛУЧУВА ЗА ПРИТВОРИТЕ ЗА 27 АПРИЛПретседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски наедно е претседател на Кривичниот совет кој одлучува по жалбите за притворите за 27 април. (Фото: СДК.МК)

    12-мина осомничени за организација и учество во настаните во Собранието на 27 април минатата година, денеска во Врховниот суд седнаа во жалбена постапка пред петчлениот Кривичен совет на чело со претседателот Јово Вангеловски со барања за укинување на ефективните мерки притвор, како и на мерките куќен притвор.

    Претседателот на советот Јово Вангеловски им ги одзеде мобилните телефони на новинарите и покрај укажувањата на бројните екипи од медиумите дека им се одземаат практично средствата за работа и јавување новинарски извештаи. Но, Вангеловски рече дека со тоа сакал да го заштити текот на постапката од злоупотреби со телефоните, предупредувајќи дека за секоја реакција за одземањето на телефоните без тој да даде збор ќе отстранува новинари од салата за во Врховниот суд.

    Со своите адвокати и присуство на членови од најтесните семејства, главно сопруги и деца, денеска од истражниот затвор во Шутка се спроведени Митко Чавков, Крсто Мукоски, Сашо Василески, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров и Горан Ѓошевски, додека Оливер Поповски не дојде.

    Тука се и пратеникот Љупчо Димовски и Игор Дурловски, кои дојдоа од куќен притвор. Во моментов има пауза затоа што треба да се копира и да им се подели на осомничените и нивните адвокати мислењето кое штотуку пристигна од Јавното обвинителство.

    Истрагата за 27 април е завршена, обвинението сè уште не е покренато.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира