ВРХОВНИТЕ СУДИИ КОИ ГИ ИСПОЧКРТАА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА СО ИМЕТО НА КОЛЕГАТА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ ГО БОЈКОТИРАА И ПОВТОРЕНИОТ ОГЛАС ЗА ЧЛЕН НА ОВОЈ СУДСКИ СОВЕТ

    ВРХОВНИТЕ СУДИИ КОИ ГИ ИСПОЧКРТАА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА СО ИМЕТО НА КОЛЕГАТА НАЌЕ ГЕОРГИЕВ ГО БОЈКОТИРАА И ПОВТОРЕНИОТ ОГЛАС ЗА ЧЛЕН НА ОВОЈ СУДСКИ СОВЕТСудскиот совет денеска одлучи да распише трет оглас за избор на член на Советот (Фото: СДК.МК)

    Ниту еден врховен судија не се пријавил на повторениот оглас за член на Судскиот совет, место кое стои празно откако врховната судијка Мирјана Радевска-Стевкова поднесе оставка поради скандалите на овој состав на Советот. Таа даде оставка по незаконското разрешување на Весна Дамева од претседателското место, со пуч предводен од членот Селим Адеми.

    По ова, Судскиот совет веднаш распиша оглас, на кој се пријави само врховниот судија Наќе Георгиев. Во ист ден, Судскиот совет го ослободи од сериозна претставка, поднесена од граѓанин против него.

    Но, на гласањето, повеќето од Врховниот суд ги испочкртаа гласачките ливчиња во знак на револт што овој состав на Судскиот совет не се самораспушта поради скандалите за кои реагираа и меѓународните фактори, помагачи во судските реформи.

    Сепак, со само пет гласа, единствениот кандидат победи, но мораше да поднесе оставка на денот на заклетвата во Собранието. Излезе законска пречка, требаше или тој или неговиот син да поднесат оставка, бидејќи синот истиот ден на заклетвата требаше да биде избран за судија од редот на младите академци. Требаше таткото да го бира синот за судија, а тоа законот не го дозволува.

    На повторениот оглас никој не се јави, па денеска, Судскиот совет одлучи да распише трет оглас за избор на член на Советот, од редот на врховните судии.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира