Второто полугодие од учебната 2022/2023 година ќе почне на 23 јануари (понеделник), наместо како што беше веќе најавено на 18 јануари, соопшти Владата по денешната седница, додавајќи оти наставатa ќе почне со физичко присуство за сите ученици.
Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука (МОН).
„Во образложението од Министерството е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, соопшти Владата.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изминатиов период апелира дека воздухот е екстремно загаден, а во редовните извештаи наведува дека расте бројот на заболени од грип.
Б. НЕСТОРОСКА