ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПРОДОЛЖУВА СО ХИБРИДНА НАСТАВА, РЕЧЕ ЦАРОВСКА

    ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ПРОДОЛЖУВА СО ХИБРИДНА НАСТАВА, РЕЧЕ ЦАРОВСКАУчебната година 2020/2012 почна на 1 октомври, наместо на 1 септември. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Наставата во второто полугодие од учебната 2020/2021 година ќе продолжи како и во првото, со хибридниот модел на настава, физичко присуство за учениците од прво до трето одделение, и онлајн настава за погорните одделенија, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Второто полугодие стартува на 21 јануари.

    „Најбезбедно е да го одржиме континуитетот и да останеме на нивото на бројката на новозаболени од ковид-19. И наставниците се прилагодија на новиот систем и останува засега тој став. Доколку има радикална промена, секако дека ќе се разгледува со Комисијата за заразни болести и со Министерството за здравство. Засега остануваме на овој став, продолжува наставата на ист начин“, кажа Царовска по посетата на Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

    Царовска денес одржала онлајн состанок со директорите на основните и средните училишта од целата држава во врска со спроведувањето на наставата во првото полугодие од учебната 2020/2021 година. На состанокот, директорите на училиштата истакнале дека иако на почетокот на училишната година отпорот кон онлајн наставата беше голем, сепак хибридниот модел ги даде посакуваните резултати во вонредни околности во какви што се работеше изминатите месеци.

    „Со над 90 % ученици коишто успешно следеа онлајн настава, со помалку од 1 % активни случаи на ковид-19 кај наставниците и учениците кои посетуваа настава со физичко присуство и со редовна динамика на емитување на часови на македонски и албански јазик на Националната телевизија слободно можеме да кажеме дека успешно го заокруживме првото полугодие. Наставниот материјал е поминат според предвидените скратени програми, а учениците се оценети“, вели Министерството за здравство.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира