ВУЧИЌ УТРЕ НА ГРАНИЦА ЌЕ МУ ЈА ПРЕДАДЕ НА ЗАЕВ ПРВАТА ПРАТКА ВАКЦИНИ

    ВУЧИЌ УТРЕ НА ГРАНИЦА ЌЕ МУ ЈА ПРЕДАДЕ НА ЗАЕВ ПРВАТА ПРАТКА ВАКЦИНИЗаев и Вучиќ на граничниот премин Табановце-Прешево на промоција на проектот за интегрирано гранично управување на 2 септември 2018. (Фото: СДК.МК)

    Утре, на граничниот премин Табановце, српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му ја предаде на премиерот Зоран Заев првата пратка вакцини против ковид-19, соопшти Владата. Станува збор за пратката од 8.000 вакцини на „Фајзер“, за кои Заев пред нецел месец кажа дека ќе стигнат како помош од Србија, по телефонскиот разговор со Вучиќ. На примопредавањето ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.

    Претходно денеска, Заев најави дека е можно утре земјава да ги добие првите вакцини.

    „Секој ден се надеваме вакцините час поскоро да стигнат во земјава. Имаме најави дека може и утре да стигнат првите дози, но тоа не е уште сигурно, точно ќе знаеме попладне“, кажа Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за енергетска транзиција.

    Премиерот додаде дека кинеската „Синофарм“ се очекува да стигне на 15 или 16 февруари и дека во текот на денешниот ден ќе биде извршено плаќањето, по што ќе се договори транспортот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира