ЗА 16,32 ОТСТО НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКАТА НА СКАПА СТРУЈА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА БЛОК ТАРИФИТЕ

    ЗА 16,32 ОТСТО НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКАТА НА СКАПА СТРУЈА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА БЛОК ТАРИФИТЕВладата ги повика институциите и граѓаните да штедат; - Улица Македонија лани. (Фото: К. Попов)

    Домаќинствата за 16,32% ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа (висока) тарифа откако се воведени блок тарифите, вели Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Според податоците од нивните анализи, 244 киловатчасови изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 отсто помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 киловатчасови.

    „Реформата е успешна, блок тарифите даваат резултати и ја постигнуваат таргетираната цел за рационално користење на електрична енергија. Принципот – кој троши повеќе да плаќа повеќе, а кој троши помалку, да плаќа помалку – има ефект и тоа го покажуваат анализите на просечната потрошувачка на електрична енергија во висока тарифа каде се регистрира за 16,32% заштеда во потрошувачката од како ги воведовме блок тарифите од 1 јули до 31 октомври“,  изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна.

    РКЕ од 1 јули воведе четири блок тарифи заради рационално користење на електричната енергија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира