ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ВАКЦИНИРАНИ 220 ДЕЦА ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ МЕХМЕДОВИЌ

    ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ВАКЦИНИРАНИ 220 ДЕЦА ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ МЕХМЕДОВИЌПроблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред сè ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца“, рече директорот на Здравствен дом Скопје Злате Мехмедовиќ на презентацијата на детскиот ноќен пункт во поликлиниката Бит Пазар. (Фото: Министерство за здравство)

    По прогласување на епидемија на морбили во населбата Радишани минатата недела, откако пет деца што ја посетувале градинката „Ташко Караџа“ се разболеа од мали сипаници и беше воведена и вонредна вакцинација, во пунктовите на Здравствен дом Скопје за четири дена се вакцинирани 220 деца.

    „Овие деца не биле вакцинирани, а одредени ја примиле и ревакцината, што е дополнителен број кој ја зголемува бројката од 220“, рече директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ.

    Тој рече дека по прогласување на епидемијата ги отвориле пунктовите за вакцинирање каде граѓаните на Скопје, кои не се вакцинирани може тоа да го направат.

    „Доволно вакцини секогаш има во диспанзерите. Комуникацијата со Министерството за здравство, кое е главен снабдувач на вакцини е одлична. Проблемот е во тоа што има тешки антивакцинални кампањи кои пред сè ги демотивираат граѓаните односно родителите да ги вакцинираат своите деца“, рече Мехмедовиќ.

    Четири од заболените деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, едно е на домашно лекување, а има заболен и еден возрасен.

    Според здравствените власти за да се спречи епидемија од пошироки размери Комитетот за заразни болести и Комитетот за имунизација минатата недела донесоа одлука за вонредна вакцинација на сите деца од 6 до 14 години во населбата Радишани, како и проверка на здравствените картони за да бидат вакцинирани сите оние што не ја примиле вакцината за морбили, рубеола и паротит.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира