ЗА ДА ГО СКРИЈАТ МИЦКОСКИ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАФАНАТА „ЧАРДАК“ ЛАЖЕЛЕ ДЕКА НЕМААТ КЛУЧ ЗА ВНАТРЕ

    ЗА ДА ГО СКРИЈАТ МИЦКОСКИ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО КАФАНАТА „ЧАРДАК“ ЛАЖЕЛЕ ДЕКА НЕМААТ КЛУЧ ЗА ВНАТРЕМицкоски четири часа по настанот призна преку Фејсбук статус дека бил внатре во кафеаната, зашто не ги знаел протоколите за работа на угостителските објекти во вонредна состојба со пандемија. (Фото: СДК.МК)

    За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и сите гости кои ја прекршиле владината мерка за забрана за престој во затворен дел на кафеана, МВР ќе поднесе прекршочни пријави, додека за сопственикот и вработените од кафеаната, кривични. Дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска кажа дека при завчерашниот вонреден инспекциски надзор во кафеаната на Боемска улица  во Дебар Маало, кривични пријави заработиле лицата кои ги спречувале инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат и таму вонредна контролa, како во соседните локали.

    „При обидот инспекторите да извршат контрола во внатрешниот дел на кафеаната ‘Чардак’, вработените ги попречиле со образложение дека немаат клуч од тој дел од објектот. Кога се оддалечиле, виделе дека излегуваат лица токму од тој дел од објектот. Потоа тие се вратиле и инсистирале да им биде дозволено да извршат контрола. МВР преку јавување на еден од очевидците, упатува полициски службеници на местото на настанот. По пристигање на лицето кое се претставило како еден од сопствениците на локалот, го отворил горниот кат – винаријата. Инспекторите влегле, внатре немало никој. Но, имало тањири, чаши, садови, остатоци од храна. Известен е јавен обвинител кој издал наредба да се одземе камерата со видеонадзорот, со оглед на тое дека не бил сторен само прекршок, туку и кривично дело за непочитување на мерките  за борба со пандемијата со коронавирус“, кажа Петровска.

    Во близина на објектот, кажа таа, бил забележан началник на сектор за специјални операции и други функции, кои по опис на своите работни места не требало да бидат присутни таму. Тие таму не биле викнати по наредба од старешина, туку самоиницијативно дошле. Поради тоа биле повикани припадници на специјалната единица ЕБР, превентивно.

    Петровска кажа дека Мицкоски и гостите не биле предмет на заинтересираност на Пазарниот инспекторат, туку дали локалот ги почитува мерките. Но, како што рече таа, не може па тој да биде изземен и да не се констатира дека и тој ги прекршил мерките.

    Петровска кажа дека снимките не ги видела и оти за тоа се води постапка.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира