ЗА ДВА ДЕНА СТИГНАЛЕ ДЕСЕТИНА ПОРАКИ НА АДРЕСИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО, ВЕЛИ МОН

    ЗА ДВА ДЕНА СТИГНАЛЕ ДЕСЕТИНА ПОРАКИ НА АДРЕСИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО, ВЕЛИ МОНДел од пријавите се за врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите. (Фото: СДК.МК)

    За два дена пристигнаа десетина пораки на електронската адреса за пријавување врсничко насилство во училиштата [email protected] и [email protected] . Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

    „Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки.
    Училиштата мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес. Затоа Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина“, велат од МОН.

    Мерката следи по масовните пукања во Белград и околината на Младеновац во Србија, во кои беа убиени вкупно 17 лица. Убијците се 14-годишен ученик и 20-годишник.

    Министерот за образование Јетон Шаќири вчера кажа дрека предлага итна проценка на безбедносните ризици за учениците на социјалните мрежи, а Министерството за образование и наука (МОН) изработува протоколи со кои дури и ќе се забрани нивно користење во школите.

    Шакири рече и дека во консултација со експертската заедница, дополнително ќе се зајакнат превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите. Тој ги повика и родителите да земат активно учество, „воспитувајќи ги своите деца на толеранција, ненасилство како и почитување и разбирање за различните од себе“.

    Вчера, на средбата со министерот Шакири, Сојузот на средношкоци побара МОН да ги тестира знаењата на школските педагози, психолози и социолози за новното разборање и помош за проблемите на учениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира