ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВАКЦИНИРАНИ НАД 950 ДЕЦА СО ПРОПУШТЕНИ РУТИНСКИ ВАКЦИНИ, ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ ВОВЕДЕ ВТОРА СМЕНА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦА ДО 6 ГОДИНИ

    ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ВАКЦИНИРАНИ НАД 950 ДЕЦА СО ПРОПУШТЕНИ РУТИНСКИ ВАКЦИНИ, ПОЛИКЛИНИКА БУКУРЕШТ ВОВЕДЕ ВТОРА СМЕНА ЗА ВАКЦИНАЦИЈА НА ДЕЦА ДО 6 ГОДИНИСпоред здравствените власти, препорачаниот опфат над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјава. (Фото: Архива на УНИЦЕФ)

    За еден месец вакцинирани се над 950 деца со пропуштени рутински вакцини, во нивните домови, или им е закажан термин за вакцинација, како дел од заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО), со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“.

    Кампањата почна на 1 ноември, а вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), кои планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 150 населени урбани и рурални места.

    За време на кампањата се вакцинирани и 500 граѓани над 65-годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за ковид-19.

    Според националната координаторка за имунизација проф. д-р. Александра Грозданова, препорачаниот опфат над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјава. Регистрираниот опфат за примарната вакцинација е под 90 отсто за сите вакцини – хепатитис Б (ХепБ), Хемофилус инфлуенца тип Б (ХиБ), ДиТеПер/ИПВ и МРП вакцината, како и вакцинацијата против ХПВ, која бележи најнизок опфат од сите вакцини.

    Со цел да се зголеми опфтатот на вакцинирани деца, Здравствен дом Скопје соопшти дека во декември, пунктот за вакцини сместен во Поликлиника Букурешт, во скопската Општина Карпош ќе работи и втора смена за редовна вакцинанција за деца до 6 години кои живеат на територијата на оваа општина. Пунктот ќе работи секој работен ден до 19 часот.

    Оваа иницијатива е во рамките на програмата во која е вклучен Здравствен дом Скопје за подобрување на опфатот со вакцини во Општина Карпош, во координација со Министерство за здравство, УНИЦЕФ и Македонско лекарско друштво.

    Д-р Грозданова и д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести, на 19 октомври пред медиумите претставија анализа на Метаморфозис фондација за интернет и општество како дел од проектот на УСАИД И УНИЦЕФ, во соработка со Министерството за здравство, во која меѓудругото стои: „ Згрижува фактот што на одредени територии, на како што се Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје, Тетово, Битола и Струмица, за поедини вакцини се регистрира опфат понизок и од 70 отсто. На територијата на Куманово, за примовакцинација со хепатитис Б, грип, ДиТеПер/ОПВ се регистрита опфат од 53, 7 отсто, а со вакцинација само 40, 3 отсто“.

    Здравствените власти апелираат дека е потребно службите за вакцинација да ги бараат и најдат неевидентираните, невакцинраните и нецелосно вакцинираните лица и веднаш да бидат повикани во вакциналните пункови. Интензивна кампања, потенцираат, е потребна во Куманово, Скопје, Тетово, Битола и во Струмица.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира