За излез од Македонија на граничниот премин Деве Баир се чека и по два часа, јавуваат граѓани кои од утринава се заглавени на приодот кон граничниот премин. Според слободна проценка, во должина од околу еден километар има две колони возила кои чекаат да ја преминат границата.
На дежурниот телефон на АМСМ се јавува автоматска секретарка која соопштува дека нема поголеми застои на граничните премини.
Поради празникот 11 Октомври кој паѓа во вторник многу македонски граѓани користат продолжен викенд.