ЗА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ОВОЈ МЕСЕЦ ГИ ЗГОЛЕМИ КВОТИТЕ НА АПТЕКИТЕ

    ЗА ЛЕКОВИ НА РЕЦЕПТ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО И ОВОЈ МЕСЕЦ ГИ ЗГОЛЕМИ КВОТИТЕ НА АПТЕКИТЕОд Фондот за здравствено осигурување велат дека квотите се искористени поради сезонски алергии и епидемија на мали сипаници на цела држава (Фото: СДК.МК)

    Квотите за лекови на рецепт кои се на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и овој месец ќе бидат зголемени за 12.000 денари. Фондот за здравствено осигурување соопшти дека поради сезоната на алергии и прогласената епидемија на мали сипаници на територија на целата држава искористеноста на квотите е 85-90 отсто, поради што Управниот одбор донел одлука и овој месец да им даде дополнителни средства на аптеките.

    „Управниот одбор на Фондот донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари за сите аптеки. Ова зголемување е обезбедено за секоја аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец април. Постојано ја следиме достапноста до лековите на рецепт и работиме на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец“, велат од ФЗОМ.

    Вакво зголемување ФЗОМ даде и претходните два месеци по реакции од граѓаните, а со објаснување дека квотите ги зголемуваат поради сезонскиот грип и епидемијата од морбили.

    Е. БОЧВАРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари