ЗА ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ВО САД ПОПОЛНУВАЈТЕ САМО ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДА НЕ ВЕ ДИСКВАЛИФИКУВААТ, ВЕЛАТ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

    ЗА ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ВО САД ПОПОЛНУВАЈТЕ САМО ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДА НЕ ВЕ ДИСКВАЛИФИКУВААТ, ВЕЛАТ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДАКандидатите од 5 мај 2020 ќе можат да проверат дали се избрани во Програмата (Фото: СДК.МК)

    Лотаријата за добивање зелена карта за 2021 година, која овозможува легален постојан престој во САД, ќе биде отворена до 5 ноември, објави американската амбасада во Скопје.

    Таа почна на 2 октомври и сите заинтересирани можат електронски да се пријават преку E-DV формуларот, кој се наоѓа на официјалната интернет страница www.dvlottery.state.gov. Учеството во лотаријата е бесплатно и од амбасадата ги предупредуваат кандидатите да оставаат само точни податоци, инаку ќе бидат дисквалификувани.

    „Најдобро е кандидатите лично да ги поднесат своите пријави. Секој кандидат е одговорен за точноста на поднесените податоци и дали тие се комплетни. Внесување неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и доколку е извлечен како добитник. Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава“, велат од амбасадата.

    Секој кандидат треба да ја отпечати и чува потврдната страница од апликацијата со единствениот број барем до 30 септември 2021, за да може да провери дали е извлечен. Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

    Кандидатите од 5 мај 2020 ќе можат да проверат дали се избрани во Програмата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира