ЗА НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕ СЕ ОДГОВОРНИ ГРУЕВСКИ, ИВАНОВ И ЧАВКОВ, КАЖА ЗАЕВ

    ЗА НАСИЛСТВОТО ВО СОБРАНИЕ СЕ ОДГОВОРНИ ГРУЕВСКИ, ИВАНОВ И ЧАВКОВ, КАЖА ЗАЕВНа денешниот прес беа видливи последиците од вчерашниот физички напад врз лидерот на СДСМ Зоран Заев. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги обвини Никола Груевски, Ѓорге Иванов и Митко Чавков како организатори на насилството врз новинарите и пратениците во вчерашниот напад на Собранието.

    „Насилството врз новинарите и легитимно избраните претставници на народот во Собранието беше организирано од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Митко Чавков и нивни соработници, кои не сакаат мирен трансфер на власта. Насилството е резултат на остатоци од режимот во распаѓање“, кажа Заев пред малку на прес-конференција.

    Тој вели дека вчерашниот напад бил организиран обид за негово убиство и ги повика сите вработени во институциите да постапуваат согласно Уставот и законските процеси.

    „Имаме работа со непресметливи луѓе, но целата меѓународна заедница во нас гледа мотор на мирот на стабилноста“, додаде Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира