На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што соопшти Министерството за здравство, денеска за првпат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на КОВИД-19, но во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 9 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 29.
На Клиниката за инфективни болести почина 61-годишен пациент од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста, хоспитализиран од 24 април.
Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 39 пациенти, од нив 20 потешко болни и на кислородна поддршка и 1 критично болен пациент на механичка вентилација. Во „8 Септември“ на респираторна машина се 4 пациенти, а уште тројца се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Четриесет и пет пациенти се оздравени во изминатото деноноќие, велат од Институтот за јавно здравје, и тоа во: Скопје-19, Куманово-25, Прилеп-1.
Во изминатите 24 часа направени се 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-7, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1.
Лабораторијата на „Жан Митрев“ доставила допис со исправка до ИЈЗ за позитивни резултати на 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот.
„Кај трите лица лабораторијата во ‘Жан Митрев’ уште веднаш, на 25 април, направила контролен тест на оригиналниот материјал, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни“, велат од министерството.
Со ова, вкупно дијагностицирани се 1.506, од кои оздравени пациенти 852 , починати 82, а во моментов се активни 572. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 509
Куманово – 400
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –157
Тетово – 85
Струга – 67
Велес – 77
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Направените 199 теста се преку: ИЈЗ –179, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со ПЦР метода – 10 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16997 тестирања на ковид -19.
Министерството за здравство согласно последниот, вчерашен извештај на Институтот за јавно здравје соопшти дека во шест градови во земјава, во Дебар, Радовиш, Гевгелија, Струмица, Пробиштип и Демир Хисар нема повеќе активни случаи со КОВИД-19.
Од почетокот на епидемијата, во Дебар беше регистриран 51 случај, досега 4 лица починаа, а 47 се оздравени.
Во Радовиш и Гевгелија беа регистрирани по 4 случаи, во Струмица два, во Пробиштип два, а во Демир Хисар еден позитивен случај на коронавирусот. Во овие градови не се регистрирани смртни случаи од КОВИД-19, а сите евидентирани ковид позитивни се оздравени.
Б. НЕСТОРОСКА