ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ГИ КОРИСТАМ ВИКЕНДИТЕ ОТИ ИМАМ МНОГУ РАБОТА, КАЖА ЗАЕВ

    ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ГИ КОРИСТАМ ВИКЕНДИТЕ ОТИ ИМАМ МНОГУ РАБОТА, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев најави дека по првомајските празници ќе излезе пред парламентот со новиот владин состав. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека преговорите за најавената реконструкција на Владата се при крај и таа ќе се случи по првомајските празници. Тој вели дека за таквите разговори ги користи викендите, бидејќи има многу работа, но се надева дека викендов процесот ќе приврши.

    „Течат разговорите и преговорите, повеќе ги користам викендите за оваа работа оти имам многу работа, гости во Македонија и слично. Се надевам дека овој викенд ќе привршуваме со оваа работа. По првомајските празници, планирам да излезам со информирање на јавноста и со соопштување пред парламентот за сето она што ќе претставува промени во владиниот состав, а потоа и соодветно промени во директорски места во одредени институции“, кажа Заев, без да открие кои нови партии ќе влезат во Владата, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција по потпишувањето на годишната програма за вработување во Владата.

    За денешната средба на министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот на ОН Метју Нимиц во Виена, Заев кажа дека очекува исчекор во преговорите за името.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира