ЗА СЕДУМ ГОДИНИ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 17.000 УЧЕНИЦИ И 7.000 СТУДЕНТИ ПОМАЛКУ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКА

    ЗА СЕДУМ ГОДИНИ ВО ЗЕМЈАВА ИМА 17.000 УЧЕНИЦИ И 7.000 СТУДЕНТИ ПОМАЛКУ, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЈАНЕВСКАВладата прави истражување каков е степенот на вработливоста, односно дали студентите веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето. (Фото: СДК.МК)

    Во земјава за седум години има 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Министерката рече дека Владата прави сериозни чекори да влијае на овие промени кои за државата не се пожелни.

    Дел од оние кои најмногу сакаат да се стекнат со знаење се придвижија кон странски држави каде што сметаат дека ќе добијат поквалитетно знаење. Се трудиме да го унапредиме квалитетот на образованието, кое во минатото често беше причина за младите да си заминуваат во други земји барајќи подобри образовни можности. Ќе направиме крупни промени, но потребна е посилна соработка со сите чинители, а особено со универзитетите и бизнис заедницата, за да го стопираме процесот на миграција“, рече Јаневска при посетата на Економскиот факултет во Скопје.

    Како што кажа Јаневска, Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да се види каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата и слично.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира