Aктивист кој на Скопскиот маратон носел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“ бил нападнат од непознати лица, а транспарентот му бил одземен и искинат, објави на официјалната Фејсбук страница здружението „Протестирам“.
МВР не излезе со детали за инцидентот за кој информираат од здружението што ги организира секојдневните протести во главниот трад и во повеќе градови низ државата.
Вечерва немаше антивладини демонстрации во Скопје.
За време на маратонот на кој трчаа околу 8.000 учесници многумина носеа обележја на Шарената револуција.