На оваа земја ѝ треба нов профил на политичар и нова политичка култура, рече претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.
„Со нашиот број гласови и на господинот Река, приказната на СДСМ е готова. Нашите тези се на линија на консолидација и на линија на веќе излитената парола Нема правда, нема мир, зашто правда нема во Македонија“, побара таа поддршка од Река во вториот круг и рече дека е уморна од излитени политичари.
Силјановска-Давкова вечерва побара предвремени парламентарни избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по неа кажа: „Победивме, ама нецелосно ги поразивме, затоа е потребен вториот круг на претседателските избори“, најави тој борба на Силјановска со Пендаровски за две недели.
С. К. ДЕЛЕВСКА