ЗАЕВ ГО ЗАМРЗНА УЧЕСТВОТО НА СДСМ ВО СОБРАНИЕ

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ ГО ЗАМРЗНА УЧЕСТВОТО НА СДСМ ВО СОБРАНИЕ

    СДСМ и нивните коалициски партнери ја замрзнуваат работата во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

    Тој ги повика и другите пратеници да не учествуваат во работата на Собранието затоа што имаат обврска кон граѓаните и со тоа ќе ја покажат нивната поддршка за СЈО.

    „Ова не е целосно напуштање на Собранието, туку само потсетување дека сите пратеници гласаа за СЈО и сите треба да дадат поддршка за неговата работа. Сите рокови се пробиени, а трпението на граѓаните е при крај. Уставен суд треба што поскоро да се изјасни за иницијативата за СЈО. Иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се решаваат за седум дена, а иницијативата за СЈО чека осум месеци“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира