ЗАЕВ ЌЕ ГИ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРИТЕ НА МЕПСО, ЕСМ И МАКЕДОНИЈА ПАТ

    ЗАЕВ ЌЕ ГИ РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРИТЕ НА МЕПСО, ЕСМ И МАКЕДОНИЈА ПАТПремиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата ги читаше имињата на фунцкионерите кои ќе ги предложи за разрешување. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев ги соопшти имињата на високите функионери кои ќе ги предложи за разрешување на денешната владина седница, а меѓу нив се директорите на МЕПСО, ЕСМ и Македонија пат. На денешната прес-конференција во Владата, тој кажа дека од денеска почнува постапка за разрешување на директори, раководители и членови на надзорни и управни одбори во државните институции и именување на нови луѓе на функциите.

    За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО Сашо Василевски, директорот на Електрани на Северна Македонија Драган Миновски, директорот на Македонија пат Гајур Кадриу, директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, директорката на Драмски театар Викторија Рангелова, директорот на МАЛМЕД Ќахил Ибраими, директорот на Архив Кирил Петров и директорот на Здравствен дом Скопје Злате Мехмедовиќ, меѓу другите.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира