ЗАЕВ ЌЕ ОДИ ЗА БЕЛГРАД ВО НОЕМВРИ, СООПШТИ СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА БРНАБИЌ

    ЗАЕВ ЌЕ ОДИ ЗА БЕЛГРАД ВО НОЕМВРИ, СООПШТИ СРПСКАТА ПРЕМИЕРКА БРНАБИЌФамилијарна фотографија на премиерите на земјите од западен Балкан на неформалниот самит во Драч заедно со евркомесарот Јохаес Хан (Фото: Влада на РМ)

    Македонскиот премиер Зоран Заев во ноември ќе го посети Белград, соопшти  во Драч српската премиерка Ана Брнабиќ.

    „Денеска разговарав со Заев за настаните од изминатите денови. Имавме доста добро разбирање за следните наши чекори. Го повикав и се договоривме да ја посети Србија во ноември“, изјави Брнабиќ по средбата одржана на маргините на неформалниот состанок на премиерите од Западен Балкан.

    Таа истакна дека се договориле при посетата на Белград да разговараат и за одржување заедничка седница на двете влади.

    На средбата, како што рече Брнабиќ се разговарало и за приемот на Косово во УНЕСКО при што, премиерот Заев истакнал дека Македонија останува воздржана по ова прашање.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира