ЗАЕВ НАЈАВИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО

    ЗАЕВ НАЈАВИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА ВО УГОСТИТЕЛСТВОТОПремиерот Зоран Заев вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев најави нов економски пакет, кој вклучува и декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, во интервју за македонската редакција на „Дојче Веле“. Заев смета дека декриминализацијата и легализацијата на марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството.

    „Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев во интервјуто, додавајќи дека планот е да биде контролирано на сличен начин како во Амстердам.

    Премиерот вели дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.

    „Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места”, вели Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира