Премиерот Зоран Заев најави дека пролетва ќе има кадровски промени во власта, а можна е и реконструкција на Владата во интервјуто за „Призма“. Тој вели дека може да има промена на директори, но и на министри и државни секретари.
„Тоа што значи неуспешност во менаџирањето на една институција, не може да заврши како рефлексија во самата институција. Ќе следуваат кадровски промени. Има дел кои знаат и се трудат. Има дел кои ниту знаат, ниту се трудат. Рекапитуларот ќе се случи по десетте месеци од стартот на Владата, напролет, кога на дел од нив ќе им се заблагодариме. Немаме многу време, а граѓаните чекаат резултати. Рекапитуларот може да предизвика и реконструкција. Може да има промена на директори, но и промена на министри, на државни секретари…“, изјави Заев во интервјуто.