ЗАЕВ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ, ЗАМИНА ВО САРАЕВО ПО НАГРАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕ, ЗАМИНА ВО САРАЕВО ПО НАГРАДА

    Рочиштето за судскиот процес против лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Поткуп“ денеска повторно беше одложено, овојпат бидејќи обвинетиот е во Сараево да прими награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

    Судијката Дијана Груевска-Илиевска го презакажа рочиштето за 3 април.

    На претходното рочиште на 23 јануари, одбраната на лидерот на СДСМ побара изземање на Златко Биковски, в.д. претседателот на Обвинителството за организиран криминал, кој на денешното судење го замени обвинителот Владимир Милошевски, кому му е истечен мандатот.

    Причините за барањето за изземање ги образложи Заев, кој рече дека постојат сомнежи оти Биковски е дел од организирана група што го користи јавното обвинителство да монтира судски процеси против него од чисто политички причини.

    Според обвинението, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира