ЗАЕВ ОДИ НА ОДМОР ОД ПРИВАТНИ ПРИЧИНИ

    ЗАЕВ ОДИ НА ОДМОР ОД ПРИВАТНИ ПРИЧИНИПремиерот Зоран Заев и новиот претседател Стево Пендаровски, на прогласувањето на победата на претседателските избори во неделата вечер (Фото:Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев од денес до 14 мај ќе оди на одмор. Од Канцеларијата на премиерот велат дека тој ќе користи слободни денови поради приватни причини.

    „Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај 2019 година ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини. Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, велат од канцеларијата на премиерот.

    Заев претходно најави дека ќе има има чистка во владата и партијата веднаш по изборите, бидејќи, како што кажа, ја примиле пораката од граѓаните на претседателските избори.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира