ЗАЕВ И ПЕНС РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ВАЖНОСТА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, СООПШТИ БЕЛАТА КУЌА

    ЗАЕВ И ПЕНС РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ВАЖНОСТА СИТЕ ГРАЃАНИ ДА ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, СООПШТИ БЕЛАТА КУЌАамериканскиот потпретседател Мајк Пенс денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев да му честита на историскиот Преспански договор со Грција, велат од Белата куќа. (Фото: Твитер/Зоран Заев)

    Американскиот потпретседател Мајк Пенс и македонскиот премиер Зоран Заев разговараа за следните чекори од имплементацијата на Договорот од Преспа, вклучувајќи го претстојниот референдум на 30 септември и важноста сите граѓани да гласаат во овој клучен момент за иднината на земјата, соопшти Белата куќа по нивната средба во Вашингтон.

    „Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска се сретна со македонскиот премиер Зоран Заев да му честита на историскиот Преспански договор со Грција за решавање на долготрајниот спор меѓу двете земји и да му се заблагодари за неговото лидерство во остварувањето на договорот. Потпретседателот изрази силна поддршка за Преспанскиот договор кој што, штом ќе биде имплементиран, ќе доведе до поголема безбедност и просперитет за целиот регион. Потпретседателот и премиерот разговараа за следните чекори од имплементацијата на договорот, вклучувајќи го претстојниот референдум на 30 септември и важноста сите граѓани да гласаат во овој клучен момент за иднината на земјата. Потпретседателот ја изрази неговата поддршка за земјата додека се движи кон членство во НАТО И ЕУ“, се вели во соопштението на Белата куќа.

    Заев кажа дека од Пенс добил пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа и дека на средбата било истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури.

    „Можноста да разговараме со потпретседателот на САД, Мајк Пенс доаѓа во клучен историски момент за Република Македонија. Од потпретседателот Пенс добивме пораки на охрабрување за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот од Преспа. На средбата беше истакнато дека со Договорот го обезбедуваме заслуженото место во евроатлантските структури. Со тоа го осигуруваме мирот, стабилноста и просперитетот за нашите граѓани“, објави Заев на Фејсбук.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира