ЗАЕВ САМО САКА ДА СТРПА ШТО ПОВЕЌЕ, ПА ДА ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА, КАЖА МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ПРИЛЕП

    ЗАЕВ САМО САКА ДА СТРПА ШТО ПОВЕЌЕ, ПА ДА ИЗБЕГА ОД ДРЖАВАТА, КАЖА МИЦКОСКИ НА ПРОТЕСТОТ ВО ПРИЛЕППретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави победа на претседателските избори во април. - Мицкоски на протестот во Прилеп (Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека премиерот Зоран Заев е обичен аболиран политичар кој има единствена цел да стрпа што повеќе во сопствениот џеб и потоа да избега од државата.

    „За Зоран Заев, нити честитоста, нити искреноста, нити чесноста се карактерни особини, тоа е обичен аболиран политичар кој што има единствена цел колку повеќе да стрпа во сопствениот џеб, да украде од граѓаните на Република Македонија и во еден момент рака под рака со семејството и групата негови соработници како во мафијашките филмови конселиера да избега од државата“, кажа Мицкоски на денешниот протест на опозициската партија во Прилеп.

    Тој рече и дека во април неговата партија ќе победи на претседателските избори и тоа ќе биде најава за предвремени парламентарни избори.

    „Во април ќе дојде првата победа на претседателските избори. Победа која што ќе ги најави предвремените парламентарни избори кога народот во Република Македонија ќе му каже едно големо не на Зоран Заев и групата околу него“, вели Мицкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира