ЗАЕВ ТРИ ПАТИ РАЗГОВАРАЛ СО РУСКИ КОМИЧАРИ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА СЕ ПОРОШЕНКО И СТОЛТЕНБЕРГ

    ЗАЕВ ТРИ ПАТИ РАЗГОВАРАЛ СО РУСКИ КОМИЧАРИ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА СЕ ПОРОШЕНКО И СТОЛТЕНБЕРГВо видеото објавено синоќа на Јутјуб, во должина од речиси еден час, руските комичари Вован Лексус велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и април 2019.(Фото: РТ)

    Руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Вован и Лексус, велат дека успеале да дојдат до премиерот Зоран Заев и да разговараат телефонски со него, претставувајќи се како поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Во видеото објавено синоќа на Јутјуб, во должина од речиси еден час, тие велат дека се споени три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари 2019 и април 2019. Засега нема реакција од македонската влада за објавените разговори.

    На ист начин, Вован и Лексус во април годинава успеаја да го измамат и францускиот претседател Емануел Макрон, кој мислеше дека разговара со новиот украински претседател Владимир Зеленски. Во мај 2018, руската двојка разговараше со поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, претставувајќи се како ерменскиот премиер Никол Пашијан.

    Во 2017, жртви на Вован и Лексус беа поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, а во 2016 измамен беше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

    Во 2014, тие успеаја да дојдат до белорускиот претседател Александер Лукашенко, претставувајќи се како синот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари