ЗАЕВ И ЦИПРАС СЕ СЛУШНАА, УТРЕ САБАЈЛЕ ПАК

    ЗАЕВ И ЦИПРАС СЕ СЛУШНАА, УТРЕ САБАЈЛЕ ПАКЗаев и Ципрас на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија. (Фото: СДК.МК)

    Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас се слушнале околу 14 часот и разговарале околу еден час за името, потврдија од Владата. Според соопштението, двајцата премиери дискутирале за преостанатите прашања и биле разгледани неколку идеи за решенија.

    Најавен е уште еден телефонски разговор утре сабајле.

    „Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор“, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира