Премиерот Зоран Заев пред малку твитна дека е дојдено време сите да се вложиме за заедничка повисока цел – успехот на Македонија, во пресрет на денешните преговори за името во Њујорк и утрешната посета на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Владата на кој настан се однесува твитот, бидејќи вечерва и македонската ракометна репрезентација игра на Европското првенство во Хрватска против Германија, но оттаму ни одговорија дека твитот не поврзан со ниту еден настан или политичко случување.
„Тоа е вообичаена порака што премиерот ја кажува на сите средби со граѓани. Не е поттикната од никаков дневен настан или политичко случување“, велат од Владата.
Вакви твитови често има и американскиот претседател Доналд Трамп, кој одвреме навреме на социјалната мрежа, без посебен повод, го повторува неговиот слоган од изборната кампања – „Да ја направиме Америка повторно голема“.
Време е сите да се вложиме за заедничка повисока цел – успехот на #Македонија и успехот на сите граѓани. pic.twitter.com/8nH6ytjXlZ
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) January 17, 2018