Министерката за правда Рената Дескоска вели дека е несериозно да се бара изготвување на нов текст на Закон за Јавно обвинителство, бидејќи работна група на домашни и странски експерти две години го подготвуваше актуелниот предлог-закон, а веќе една година има откога се започнати преговорите.
Ваквата реакција на Министерството за правда доаѓа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција предложи шестмина професори да напишат нов закон, бидејќи, според него, сегашниот предлог е партиски закон на СДСМ.
Дескоска го повика ВМРО-ДПМНЕ да поднесе амандмани на предложениот закон, кој сѐ уште е на маса, и, како што вели таа, сè останато е алиби за недонесување на законот и избегнување на правдата.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека Собранието нема да се распушти на 12 февруари, ако не дотогаш не биде усвоен Законот за Јавно обвинителство.