ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОМИНА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОМИНА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊАПретседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби. (Фото: СДК.МК)

    Текстот на Предлог-законот за Јавно обвинителство утринава помина на Комисијата за европски прашања, без прифатени амандмани. Поднесен беше само еден амандман, од пратеникот Сурија Рушиди од Алијанса за Албанците, а независниот пратеник Панчо Минов, иако најавил, не поднел амандман.

    За време на комисиската расправа, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на говорницата пушти снимка од разговор, за која рече дека е со гласот на З.З. Снимката не се слушаше убаво, па Милошоски го прочита наводниот транскрипт. Според Милошоски, лицето З.З. во снимката вели дека му помогнале на Бојан Јовановски-Боки 13 во телевизијата, главно за маркетинг, како и дека Боки 13 му кажал дека земал пари од Силјан Мицевски за старечки домови. Милошоски рече дека ја доби аудиоснимката денеска од укажувач.

    Предлог-законот за Јавно обвинителство треба денеска да помине и на Законодавно-правната комисија, пред да дојде повторно на пленарна седница. Предлог-законот се носи по скратена постапка и за него е потребно двотретинско мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира