ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ГО ПОМИНА ПРВОТО ГЛАСАЊЕ, ДИМОВСКИ ПОБАРА ПАУЗА ДА ПРОВЕРИ КОЈ КАКО ГЛАСАЛ

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ ГО ПОМИНА ПРВОТО ГЛАСАЊЕ, ДИМОВСКИ ПОБАРА ПАУЗА ДА ПРОВЕРИ КОЈ КАКО ГЛАСАЛЗаконот за јазици сега оди на расправа во собраниската Комисија за европски прашања. - Од денешното гласање (Фото: СДК.МК)

    Со 66 гласа „за“ и 41 „против“, Собранието денеска гласаше за потребата да се донесе законот за употреба на јазиците и сега законот оди во собраниската Комисија за европски прашања.

    Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски ги повтори ставови на неговата партија дека со законот се прави дискриминација на помалите етнички заедници и дека законот е противуставен, а потоа побара половина час пауза да им се достави на пратениците листингот да видат кој и како гласал.

    Пратениците во Комисијата за европски прашања, ќе достават амандмани на законот. Според собранискиот Деловник, законот има европско знаме, што значи дека расправата во Комисијата трае три дена. Потоа законот оди на пленарна седница. Ако има прифатено предходно амандмани на законот, се расправа по амандманите на седницата. Ако нема амандмани, пратениците треба само да гласаат.

    Законот се носи со просто мнозинство, мора да има кворум од 61, а од нив треба да гласаат 41 пратеник , плус „Бадинтер“, односно да гласа и мнозинството припадници од малцинските заедници.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира