ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ НЕ БЕШЕ ПРОБЛЕМ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, СЕ НАЛУТИЈА ОТИ ГИ ОТКАЧИВМЕ, ВЕЛИ АРТАН ГРУБИ

    ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ НЕ БЕШЕ ПРОБЛЕМ ЗА ВМРО-ДПМНЕ, СЕ НАЛУТИЈА ОТИ ГИ ОТКАЧИВМЕ, ВЕЛИ АРТАН ГРУБИ„Антонијо Милошоски беше водач на протестите на кои што се бараа гасни комори за Албанците, а денес се претставува адвокат на Албанците“, кажа Груби, покажувајќи фотографии од протестите во 1997 година. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот на ДУИ Артан Груби кажа дека дискусиите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за законот за употреба на јазиците не се совпаѓаат со нивните размислувања до 29 јануари, денот кога ДУИ реши да не коалицира во власта со партијата на Никола Груевски. Решенијата се речиси исти со законот за кој што се согласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, но нив ги погоди нашата одлука која што ги однесе во опозиција, додаде пратеникот на ДУИ Артан Груби на денешната прес-конференција во Собранието.

    „Антонијо Милошоски учествуваше во протестите против употребата на албанскиот јазик во 1997 година. Антонијо, бивш портпарол, бивш министер и водач на протестите на кои што се бараа гасни комори за Албанците, денес се претставува адвокат на Албанците. Тој ја злоупотребува говорницата, немајќи храброст клеветите да ги каже надвор, па кажува обвинувања без докази. Одлуката на ДУИ да ги испрати во опозиција, чекајќи еден глас од Мала Речица ги погоди“, рече Груби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира