ЗАМИСЛЕТЕ, ГРАЃАНИ СЕ СОБРАА НА ПЛОШТАД ДА ГО БРАНАТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД БУГАРСКИ КРАН, КАЖА ЗАЕВ НА АКЦИСКАТА ГРУПА ПРОТИВ ЛАЖНИ ВЕСТИ

    ЗАМИСЛЕТЕ, ГРАЃАНИ СЕ СОБРАА НА ПЛОШТАД ДА ГО БРАНАТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ОД БУГАРСКИ КРАН, КАЖА ЗАЕВ НА АКЦИСКАТА ГРУПА ПРОТИВ ЛАЖНИ ВЕСТИМерките што ќе се преземат по прашањето на лажните вести и дезинформациите на владината акциска група се однесуваат исклучиво на работата Владата и другите државни институции, велат од Владата. - Од денешниот конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека трендот на ширење т.н. шокантни вести и невистини е најголем поткопувач на демократските, реформските, прогресивни процеси во општеството, зборувајќи на конститутивниот состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата на иницијатива на Владата. Како пример наведе дел од дезинформациите за Договорот од Преспа, за кои што вели дека биле дел од кампања за да се дестимулираат граѓаните да излезат на гласање, за да се дискредитира референдумот за името.

    „За пошироката публика беше ширена и дезинформацијата дека Договорот и референдумот немаат поврзаност со влегувањето во ЕУ и НАТО и дека е можна интеграција на земјата во тие структури без промена на името. Односно, дека компромисот со Грција не само што е штетен туку и непотребен. Или пак, се сеќавате на една вест која тврдеше дека замислете ‘бугарски кран влезе во Македонија, ќе се отстранува споменикот на Александар Македонски’, после што мала група граѓани се собраа на плоштадот во Скопје да го бранат споменикот од бугарскиот кран. Денес сме сведоци дека сите тие така наречени вести – беа лажни. Имаа цел да манипулираат, да го вознемируваат населението“, рече Заев.

    Покрај Заев, на состанокот во Владата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите за внатрешни работи, за одбрана, за надворешни работи, за информатичко општество и администрација, како и директорите на Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативно техничката агенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира