Пратеникот на СДСМ од Прилеп Хари Локвенец синоќа пријавил во полиција дека му бил запален автомобил „Мини купер“. Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.
„На 17.06.2018 година во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.