Синоќа запален е автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
Како што велат од Обвинителството првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно се преземаат истражни дејствија.
„Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен“, велат од Обвинителството.