ЗАПАЛЕНИ ФОТОГРАФИИ И КРВАВИ БЕЛИ МАНТИЛИ НА ТРЕТИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ КРИМИНАЛИТЕ НА ОНКОЛОГИЈА

    ЗАПАЛЕНИ ФОТОГРАФИИ И КРВАВИ БЕЛИ МАНТИЛИ НА ТРЕТИОТ ПРОТЕСТ ПРОТИВ КРИМИНАЛИТЕ НА ОНКОЛОГИЈАДвајца демонстранти носеа маски од бившиот министер за здравство Венко Филипче и од директорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев (Фото: Ѓ. Личовски)

    Правда за жртвите беше побарана на денешниот трет протест пред Владата против криминалите на скопската Клиника за онкологија.

    На протестот, кој како и минатата недела не привлече голем број луѓе, двајца демонстранти носеа маски од бившиот министер за здравство Венко Филипче и од директорот на Клиниката за онкологија Нино Васев, а на нивните бели мантили измачкани со црвена боја беа лепени лажни пари. Покрај тоа, беше запалена фотографија од јавниот обвинител Љубомир Јовески, како и од други функционери кои ги сметаат за главни виновници за скандалот.

    На протестот беше запалена фотографија од јавниот обвинител Љубомир Јовески (Фото: К. Попов)

    На протестот беше побарано да се спроведе истрага за вмешаноста на Филипче и Васев, проширување на истрагата и на Детската онкологија и објавување на информациите од истрагата.

    На денешниот брифинг, министерот за здравство Фатмир Меџити побара од граѓаните да имаат доверба во лекарите.

    Не треба сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош. Ќе направиме сѐ по случајот со онкологија да се врати довербата на пациентите во квалитетот на здравствената заштита“, кажа Меџити.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира