ЗАСТАРЕ ДЕЛОТО НА БУЧКОВСКИ ЗА „ТЕНКОВСКИ ДЕЛОВИ“

    ЗАСТАРЕ ДЕЛОТО НА БУЧКОВСКИ ЗА „ТЕНКОВСКИ ДЕЛОВИ“Обвинението за „Тенковски делови“ беше поднесено во јули 2007. - Владо Бучковски (архивска фотографија)

    На поранешниот премиер Владо Бучковски му застаре делото во предметот „Тенковски делови“, кој почна во 2007 година и во тек беше третото судење за случајот. На денешното рочиште за „Тенковски делови“, јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење, објави Коалицијата Сите за правично судење, која го следеше судењето.

    Според обвинението, на крајот на 2001 година, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ како приоритетна набавка од фирмата „МЗТ ФОП“ нарачале резервни делови за тенковите „Т-55“. Шест години подоцна Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе постапка и во јули 2007 година поднесе обвинение против Бучковски и поранешниот началник на Генералштабот на АРМ Методи Стамболиски за злоупотреба на функциите и со нереално барање за набавка на резервни делови за армиските тенкови причиниле штета од речиси 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира