Затворање на градиниките, училиштата и факултетите во наредните 14 дена, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со министерот за здравство Венко Филипче. Тој ќе го достави предлогот до Владата, која ќе одлучува на денешната седница и ќе ја објави одлуката во текот на денот.
Во документот, до кој дојде САКАМДАКАЖАМ.МК, во заклучоците од состанокот, Комисијата предлага да се забранат сите масовни собири на отворено и затворено , сите културни настани на ниво на државата и спортски натпревари, а повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз. Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.
Б. НЕСТОРОСКА