ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН НОВО СЕЛО-ЗЛАТАРЕВО, ПОРАДИ ПОЖАР НА БУГАРСКАТА СТРАНА

    ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН НОВО СЕЛО-ЗЛАТАРЕВО, ПОРАДИ ПОЖАР НА БУГАРСКАТА СТРАНАМВР извести дека за патување во Бугарија треба да се користат останатите гранични премини. Преминот Ново Село-Златарево близу Петрич ќе може да се користи повторно откако за тоа ќе има известување од бугарска страна. (Фото: СДК.МК)

    Попладнево е затворен за сообраќај граничниот премин Ново Село-Златарево, поради пожар што избувнал на бугарска страна, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Пожарот избувнал на самиот граничен премин, околу 16 часот. Според Царинската управа, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но засега нема поконкретни информации поради големината на пожарот.

    МВР извести дека за патување во Бугарија треба да се користат останатите гранични премини. Преминот Ново Село-Златарево близу Петрич ќе може да се користи повторно откако за тоа ќе има известување од бугарска страна.

    Според бугарските медиуми, пожарот избувнал поради спој на електричните кабли при што се запалила административната зграда, а пожарните екипи се борат да го локализираат.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира