Под мотото ,,Слободни избори, криминалците зад решетки“ и стотици граѓани од Струмица вечерва протестираа против одлуката на Претседателот на државата Ѓорге Иванов за аболицирање на политичарите од власта и опозицијата, но и распишувањето на изборите од страна на Трајко Вељаноски на 5 јуни.
Протестот го организираше платформата ,, Граѓанска демократија“ пред зградата на јавната администрација во барок стил што беше предадена во употреба пред две недели.
,, Ѓорѓе Иванов, човекот кој слика има, а тон нема, бараме по втор пат во неговиот мандат да отвори уста, но овојпат да ја соопшти оставката од функцијата Претседател на државата“, рече Ленче Христова од платформата Граѓанска демократија и побара од Власта и провладините медиуми да прекинат со опструкциите на Специјалното јавно обвинителство.
Протестот помина мирно.