ПО 5 ГОДИНИ ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ДЕСНАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА ОД АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА КАТЛАНОВО – ПЕТРОВЕЦ, ЗАПОЧНАА РАБОТИТЕ НА ЛЕВАТА СТРАНА

    ПО 5 ГОДИНИ ЗАВРШИ РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ДЕСНАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА ОД АВТОПАТСКАТА ДЕЛНИЦА КАТЛАНОВО – ПЕТРОВЕЦ, ЗАПОЧНАА РАБОТИТЕ НА ЛЕВАТА СТРАНАСтанува збор за делница во должина од 5 километри, која се правеше 5 години. (Фото: Државни патишта)

    Десната лента од делницата Катланово-Петровец, од автопатот Скопје-Велес, од почетокот на месецов е пуштена за сообраќај. Таа се рехабилитираше неколку години, од Министерството за транспорт и врски велат три години, а јавноста знае за пет години.

    Станува збор за делница во должина од 5 километри. Со завршувањето на градежните активности, таа веќе се користи, но е двонасочна, бидејќи започнаа градежни активности на левата коловозна лента. Засега нема објавено рок на изведба на оваа делница.

    „Од 6 ноември, од понеделникот, наместо по десната коловозна лента како што беше досега, се врши измена и сообраќајот се одвива во левата коловозна лента во двата правци“, соопштија од АМСМ.

    Вкупната предвидена рехабилитирана должина во двата правци е над 10 километри, а вредноста на договорот е 391,561,373.04 денари, средства обезбедени од ЕБОР. Изведувач на работите е ,,МАКИМСАН” акционерско друштво за асфалт, изведба, градежништво, индустрија и трговија, подизведувач е ,,Стентон”, а надзор Градежен Институт Македонија АД здружен со ,,Евро Конслатинг” ДОО.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира